Барселона славеше против Севиља со 2:0 во 25 коло од Ла Лига, а Роналд Куман за овој натпревар реши да ја промени формација и неговиот тим да истрча со 3:5:2.

„Со двата крилни бека си овозможивме да ни биде полесно за да ја спречиме Севиља да се разигра. Движењето без топка на теренот беше клучот за нашиот успех и победа. Тоа што Гризман не беше дел од почетниот тим не е порака до него, одличив дека Дембеле подобро ќе се снајде во овој систем.“ – изјави Куман.

Интересно е тоа што Гризман на овој натпревар исто како и Тринкао вооошто не добија шанса на теренот.