По поразот од Реал Мадрид во „Ел Класико“, Куман имаше причини за радост на клупата на Барселона.

Победата од 2:0 во Торино против  Јувентус покажа една поинаква Барса која со малку среќа успеа да ги освои трите бода.

„Одигравме одлично против силен тим. Креиравме повеќе шанси, среќен сум за стилот на игра и на карактерот кој го покажа мојот состав. Ова беа нашите најдобри перформанси оваа сезона, комплетни. Ја контролиравме средината а Гризман немаше доволно среќа. Победата над тимови како што е Јувентус ни помага да одиме напред.“ – изјави Куман.