Барслона го продолжи поход во Лигата на шампиони, откако во вторникот вечер и со десеткуван состав го растури Динамо Киев на гостувањето во украина со 4-0.

За Барселона тоа беше четврта победа во групата во исто толку натпревари, а триумфот беше извојуван без Меси, Пике, Роберто, Фати, Бускетс, Умити, Де Јонг и Дембеле.

Тоа беше таа Барселона која сакам да гледам. Играчите доминираа на теренот и горд сум на нивната игра. Можеби ни недостасуваше да бидеме  ефикасни во првиот дел, но гледано во целина јас сум апсолутно задоволен“, оцени тренерот на каталонскиот клуб Роналд Куман.