Тренерот на Барселона Роналд Куман реши да не ги критикува неговите фудбалери по поразот во финалето од Атлетик Билбао во финалето од Супер Купот на Шпанија.

Билбао славеше со 3:2 по продолженијата а Меси доби црвен картон во 121 минута, прв во неговата кариера.

„Подобро да не зборувам за судењето. Тоа ќе биде само мое повторување, а не сакам да го правам тоа. Разбирам зошто Меси го направи тоа, многу фаули беа направени над него. Дали му простувам? Морам прво да го видам инцидентот подобро. Ова не е чекор назад за Барселона. Направивме се што можевме и покажавме дека сме добар тим. Ќе го докажеме тоа во следниот предизвик.“ – изјави Куман

Барселона во четврток гостува кај Корела во „Копа дел реј“ додека в недела ќе игра кај Елче во Ла Лига.