Иако по само пет минути игра имаа резултатски минус, Барселона со пресврт успеа да стигне до победа против Валенсија со 3:1, што и е само втора победа во последните пет кола во Ла лига.

Ансу Фати израмни веќе во 13-тата минута, Мемфис  Депај од пенал донесе предност за Барселона на крајот на полувремето, а во самиот финиш стрелаше и Кутињо.

„Тимот реагираше многу позитивно и ја заслужи победата“– кажа по тренерот Роналд Куман.

Тој го истакна Фати, кој тек неодамна се врати по долготрајно опоравување од операција на коленото.

„Секогаш говорев дека ни недостасува играч како Фати поради брзината и головите кои ги носи. Не сакам да го заменам, но мора да бидеме внимателни со неговото враќање“– објаснува Куман зошто решил да ја замени својата млада ѕвезда по помалку од еден час игра.