Барселона денеска и гостува на Севиља во натпревар од 25 коло во Ла Лига со амбиција да победи и барем за момент да се искачи на второто место на табелата.

Роналд Куман предупредува дека неговите фудбалери се порготвени и не се согласува дека денешниот натпревар е клучен во трката за успешна сезона во Ла Лига.

„Овој натпревар е дуел на два тима кои сакаат напредок. Ова е важен натпревар како и секој друг во Ла Лига. Притисок чувствуваат и тие и ние и сите во модерниот фудабл. Се надевам дека ќе ги освоиме бодовите, сите во тимот се подготвуваа за тоа.“ – вели Куман.