Предводникот на Барселона, Роналд Куман уверува дека неговиот тим е подготовен за големото дерби против Реал Мадрид во „Ла Лига“.

„На последните два натпревари победивме и имам добро чувство дека сме подготвени за овој голем дуел. Знаеме дека играме дома, воопшто не сум исплашен. За нас е важно да паметиме што се сличи лани, овој меч ќе покаже во каква ситуација се двата клуба во моментов. Имаме искусни играчи, не се сите млади. Ќе мора да бидеме добри, особено во одредени делови од теренот.“ – вели Куман.

Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“ е закажано за денеска од 16:15 часот.