Во Шпанија се погласно се шекулира дека тренерот на Барселона Роналд Куман ќе добие отказ. Според информациите претседателот Хоан Лапорта бил и повеќе од лут на својот тренер по тешкиот пораз од Баерн Минхен.

Според информациите, Лапорта го обвинува Куман за неговиот дефанзивен пристап, поради што Барселона никогаш не изледала полоша во последните десет години. Исто така, незадоволство имало и кај играчите, па се смета дека Холанѓанецот е блиску до отказ.

Во меѓувреме, раководството на каталонскиот клуб е во потрага по наследникот на Куман. Новинарот на „Спорт“, Тони Хуанмарти пишува дека Барселона го контактирала Жорди Кројф (47), синот на холандскиот великан Јохан.

Лапорта имал желба да го доведе Кројф на кормилото на првиот тим, но на крај добил негативен одговор, што ги изненади челниците на клубот. Кројф во моментов работи како спортски консултант во клубот.