Тренерот на Барселона, Роналд Куман по неочекуваниот пораз од Гранада откри што се случило, односно која била причината поради која тој доби црвен картон.

„Не можам да разберам. Според главниот судија, јас сум покажал непочитување кон четвртиот судија, а јас не кажав ништо лошо. Едноставно не го навредив никако. Ова е неверојатно, тој само сакаше да биде во центарот на вниманието. Тој покажа непочитување кон мене. Изгубивме поради лошата концентрација во одбраната, имавме шанси пред 1:0 за втор гол но не ги искористивме. Сега мора да сме подготвени за тоа што не чека, има уште пет кола до крајот. Разочарани сме што изгубивме, ова беше голема шанса во трката за титулата.“ – изјави Куман.

Искусниот тренер верува дека до крајот на сезоната има шанси за Барселона да дојде до посакуваниот трофеј во Ла Лига, но сега работите ќе зависат и од другите клубови, многу повеќе по поразот од Гранада.