Фудбалерите на Барселона и Гранада одиграа нерешено 1: 1 во последниот натпревар од петтото коло во Примера.

Барселона едвај освои бод по дебаклот против Баерн Минхен, па се тресе столчето на Роналд Куман во каталонскиот гигант.

Куман има „логично“ објаснување за ситуацијата во Барселона, нема квалитетни играчи.

„Погледнете го изборот на играчи, толку можевме, немаме играчи од времето кога Барселона играше „тики-така“. Мислам дека игравме добро, сепак не е ова Барселона од пред осум години“ – рече Куман.

Во Барселона сакаат да го сменат Куман, во медиумите се лицитира со повеќе тренерски имиња, Конте, Пирло, Јокаим Лев…