Миралем Пјаниќ по своето доаѓање во Барселона се соочи со голем број проблеми и иако беше најавуван како наследник на Чави и неговиот трансфер беше бомбастичен Босанецот не го доби посакуваниот третман во првата сезона во Барселона.

Пјаниќ последен пат играше пред скоро два месеци, а на три кола пред крајот на Ла Лига, табелата за асистенции и голови се уште е празни покрај неговото име.

Во најавата за натпреварот со Леванте , Куман зборуваше за моменталниот статус на Пјаниќ. Тој посочи дека тоа зависи од три фактори, но дека играчот за врска на БиХ мора да биде подготвен кога е потребно.

“Пјаниќ и Рики Пуиг? Имаме тим во кој не правиме многу промени. Сè зависи од тренингот, техничките одлуки и системот на игра. Многу работи влијаат на одлуката колку ќе игра некој. Оние кои не играат мора да бидат подготвенаи“, рече Куман.

Кога станува збор за Холанѓанецот, тој сепак е смирен за својата иднина и верува дека следната сезона ќе седне на клупата, бидејќи, како што рече, ужива доверба кај претседателот Лапорта.

“Претседателот ми покажа голема доверба од првиот ден и тој е тој што ќе одлучи. Потпишав две години и се гледам како ја водам оваа група на играчи и следната сезона”,рече Куман