Роналд Куман ќе ја води Барселона во четврток на гостувањето против Кадиз во шестото коло од Ла Лига. По вчерашните 1:1 против Гранада на Камп Ноу, управата на Барселона тргна да бара нов тренер.

Куман има мали шанси да ја спаси својата позиција, смета Мундо Депортиво. Во случај на кикс против Кадиз, тој сигурно ќе стане поранешен тренер. Само победа може да го спаси, макар и привремено.

Претседателот на Барселона Хоан Лапорта изборот. Кандидати се легендата на клубот Чави Хернандез и Роберто Мартинез.

Чави го води Ал Сад со кој има договор уште две години и веќе подолго време се споменува како можен нов тренр на Барселона. Мартинез пак е селектор на Белгија и се верува дека би прифатил да го преземе клубот од Каталонија.