Роналд Куман цврсто е убеден  дека ќе биде на клупата на каталонскиот гигант и следната сезона.

На почетокот на мандатот на Куман во Барселона ништо не одеше  како што треба , голем дел од навивачите се сомневаа дека оваа Барселона на Куман може да освои нешто , и да биде тимот од пред неколку години кој „мелеше“ се пред себе.

Но како одминуваше сезоната Барселона успеа да се консолидира , и да го освои купот на Шпанија и да се вмеша сериозно во битката за титулата , нешто  што на Холандскиот стратег може да му гарантира сигурна иднина.

„Претседателот ми даде поддршка и ми укажа доверба од првиот ден кога дојдов и додека не каже поинаку, јас верувам дека ќе останам. Се гледам себе си на клупата на Барселона за следната сезона, впрочем, имам договор на уште една година. Ако не биде така, ќе разговараме“, изјави Куман пред новинарите во пресрет на мечот со Виљареал.

Барселона има пет бода помалку од Атлетико и натпревар помалку. Ако го победи Виљареал вечерва, ќе им пријде на „Јорганџиите“ на два бода заостанување. А, во каква форма е тимот од „Камп Ноу“ говори податокот дека освои 43 од можните 48 бода во последните 16 кола во Примера.

 

„Виљареал е тим кој игра многу добар фудбал, со многу квалитетни играчи.  Имаа повеќе време да се подготват за мечот од нас, за нив е подеднакво важен бидејќи се борат за Европа. Ќе биде интересно“, подвлече Куман