Барселона и Гранада одиграа нерешено 1: 1, последен натпревар од петтото коло во Примера, нерешениот резултат ги зголеми шпекулациите за заминувањето на Роналд Куман.

Тренерот на Барса, Куман има објаснување за ситуацијата во која се наоѓа екипата, се правда дека нема квалитетни играчи, оваа Барселона не е иста од претходно.

Веќе на големо се зборува кој би можел да го наследи Куман на клупата, во фокусот се Конте, Пирло и Јокаим Лев, а не се исклучуваат уште неколку други имиња, едно е сигурно, актуелниот тренер на Барселона „виси“, и станува извесно дека нема да го дочека крајот на сезоната на клупата на каталонците.

Куман доколку не обезбеди три бода против Кадиз во четврток, со сигурност нема да седи на клупата на Барселона викендов.