Медиумите од Шпанија тврдат дека часови се во прашање кога Роналд Куман ќе добие отказ во Барселона, не е исклучена можноста да добие уште една шанса, в недела каталонците се среќаваат со Леванте на нашиот Енис Барди, но ситуацијата е комплицирана.

Куман се огласи со изјава, за неговата иднина рече се знае кој решава.

„Не сакам да го анализирам мојот статус во моментот, што се однесува за мојата иднина таа е во рацете на претседателот. Веројатно ќе разговараме, доколку сака да разговара“, истакна Куман.