Три и пол месеци откако пристигна на Камп Ноу како слободен играч од Манчестер Сити, Серхио Агуеро дебитираше за Барселона.

Во првиот меч по репрезентативната пауза Барселона ја победи Валенсија со 3:1.

Славниот Аргентинец влезе во игра во 87-та минута, млаку откако Кутињо го постави конечниот резултат.

„Дебито беше добро затоа што победивме, а тоа е најважно“– кратко го прокоменитра Агуеро својот прв настап во дресот на ранетиот каталонски гигант.

„Беше одлично да се слушне како навивачите скандираат „Кун, Кун“, а сега на мене е да се оддолжам за таа љубов“– кажа Агуеро.