Мајорка запиша победа на гости кај Клуб Дерпотиво Ел Аламо со 1-0 во Купот на Кралот во Шпанија.

Александар Трајковски ги одигра сите 90 минути на мечот, за  прв пат настапи по повредата која ја доби за време на настапот со македонската репрезентација против Австрија во Виена.

Единствениот гол е дело на Алгриа во судиското прдолжение на мечот. Ова беше натпревар од втората рунда во Купот на Кралот.