Академија Пандев ќе го пречека Вардар во дербито на осминафиналната рунда во фудбалскиот Куп на Македонија.

Ова го донесе денешната ждрепка за натпреварите кои се закажани за 21 октовмри. Поради Ковид-19 кризата, ќе се игра само по еден натпревар во оваа рунда од Купот на Македонија.

1/8 финални двојки:

Академија Пандев – Вардар

Струга ТЛ – Работнички

Шкендија – Гостивар

Ренова – Пелистер

Македонија ЃП – Каменица Саса

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Брегалница – Беласица

1/4 финалните натпревари се закажани за 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а финалето на 19 мај.