Вчера беа комплетирани патниците во полуфиналето од Купот на Македонија, а веќе денес во просториите на ФФМ беше одржана ждрепката која ги даде полуфиналните двојки.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Шкендија и Струга Трим Лум, додека втората двојка ја сочинуваат Академија Пандев кои ќе се соочат со единствениот второлигаш, тимот на Брегалница.

Првите натпревари се закажани за на осум април, додека реваншите на  6. мај. Бранител на титулата е екипата на Академија Пандев.