Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на Чаир во првиот четврфинален меч од двомечот меѓу Шкупи и Академија Пандев, додека  Боби Величков ќе ја дели правдата во Тетово на пресметката меѓу Шкендија и Раборнички.

Во преостанатите два меча, Струга ја пречекува Ренова, додека во второлигашката пресметка во Штип Брегалница ќе ја вгости Лабуништа.

Битката за полуфинале во Купот на Македонија стартува во среда на четири стадиони, а реваншите ќе се играат  на пролет идната година.