Струга Трим Лум славеше на гостувањето кај Ренова со 1-2, победа која им донесе пласман меѓу четирите најдобри во Купот на Македонија. Првиот меч меѓу овие две екипи заврши без погодоци, а на овој натпревар „гипсарите“ не го искористија домашниот терен.

Почетокот на мечот не нагостуаше такво нешто откако домаќините преку Кадриу дојдоа до предност во 23.минута, но во финишот на првиот дел стружани преку Делиај израмнија. Решавачкиот момент се случи во финишот на средбата кога Струга преку Цветановски дојде до гол и голема победа.

Во полуфиналето се најде и Академија Пандев кои го елиминираа Шкупи иако одиграа само 1-1. На првиот меч струмичани славеа во Скопје со минимални 0-1. Домаќините имаа водство до 75.минута, кога Шкупи преку Дарбое израмни и ја врати неизвесноста во мечот, но резултатот остана непроменет.

Во последниот четврфинален меч Брегалница по втор пат ги совлада Лабуниша, овојпат со 1-4, а првиот меч штипјани го добија со 1-0.