ФФМ го делегираше Васко Мавров од Струмица за главен судија на средбата меѓу Работнички и Шкендија, реванш натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија.

Првиот натпревар во Тетово заврши со резултат 1-1, и двете екипи имаат подеднакви шанси за прогрес во полуфиналето.

Оваа средба во Скопје, но и останатите реванш натпревари во Купот ќе се играат без публика по препорака на Владата на Македонија.

Сите натпревари во среда започнуваат од 14 часот.