Денеска се играат 11. натпревари од 1/16 финалето на Купот на Македонија во фудбал. Шкендија  и Вардар гостуваат во првото коло.

Шкендија ќе гостува кај Гостивар со фаворитска улога, Вардар  се среќава со Саса и се освен прогрес во осминафиналето ќе се смета за неуспех и големо изненадување.

Интересен се очекува и дуелот меѓу Тетекс и Шкупи.  Ланските финалисти, Македо нија Ѓ.П  и Академија Пандев се слободни во првото коло. Средбите започнуваат од 17 часот.

Двојки:

  • ФОРТУНА – ФК СИЛЕКС
  • КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ФК РЕНОВА
  • КРАВАРИ – ФК ЛАБУНИШТА
  • САСА – ВАРДАР
  • ТЕТЕКС – ШКУПИ
  • ЛОКОМОТИВА –  СТРУГА ТРИМ ЛУМ
  • ВЕЛАЗРИМИ – РАБОТНИЧКИ
  • ПРЕВАЛЕЦ – БОРЕЦ 1919
  • ОСОГОВО  – ПОБЕДА
  • ГОСТИВАР –  ШКЕНДИЈА
  • ОХРИД ЛИХНИДОС – ФК БЕЛАСИЦА