Аргентинскиот стратег Хектор Раул Купер е нов селектор на ДР Конго.

На клупата на ДР Конго ќе го наследи Кристијан Нсенги-Биембе кој доби отказ после неуспехот во квалификациите за Афричкиот Куп на Нации.

За Купер ова е втор ангажман да биде селектор на некоја Афричка земја по оној со Египет на Светското првенство во Русија 2015. година.

Најголем успех Купер имаше на клупата во Валенсија со која два пати стигна до финалето во Лигата на шампионите (2000 и 2001). Ги водеш уште: Интер, Парма, Расинг Сантандер, Мајорка.

Аргентинецот во богатата тренерска кариера бил и изборник на Грузија и Узбекистан.