Челзи наиде на неочекуван проблем во обидот да го ангажира стоперот на Севиља, Жил Кунде.
Клубот од Стемфорд Бриџ се надеваше на договор со Шпанците во трансфер вреден вкупно 59 милиони евра.

Нивната намера била да платат за Французинот, но да го испратат својот стопер, Курт Зума, на „Рамон Санчез Пискуан“ како дел од обештетувањето.

Сепак, Зума сака да остане во Премиер лигата и тоа значително го отежнува договорот помеѓу Челзи и Севиља.

Опцијата Зума да остане во Англија, поточно во Лондон, е многу можна, бидејќи Вест Хем е заинтересиран за него.

Подготвени се да платат 23,5 милиони евра за неговото доаѓање.

Челзи го проценува својот играч  на 29 милиони евра, а прашање е дали Вест Хем би се согласил да издвои толку.