Дефанзивецот на Челзи, Курт Зума, се потсети на една епизода со Жозе Мурињо додека Португалецот го предводел Челзи.

Не се сеќавам на која беше тоа гостинска средба, ама ја загубивме со 1:3. Следниот ден Мурињо ме викна во својот кабинет и ме праша дали сум добар. Кога му кажав дека сум одлично, тој наеднаш ме праша зошто вчера изгледав како канта за ѓубре в недела. Бев запрепастен и ги запамтив неговите зборови засекогаш. Сакав да му се докажам на терен, да докажам деа не е во право. Веројатно Мурињо токму тоа и сакал да го постигне. Тој сака да победува и ги користи сите средства за тоа“, изјави Зума за RMC Sport

Мурињо моментално е тренер на Тотенхем.