Јасмин Куртиќ е еден од најискусните играчи во составот на Словенија, очекува тежок натпревар во Скопје но и многу публика.

Словенија денеска ќе одржи еден тренинг, официјален на арената „Тодор Проески“ од 18-30 часот. Куртиќ за сајтот на фудбалската федерација на Словенија изјави дека очекува пеколна атмосфера.

„Милсам дека ќе има околу 30.000 навивачи, сакаме да победиме во Скопје а потоа да ја притиснеме и Австрија. Нашиот и составот на Македонија немаат многу измени, очекувам да одиграме најдобро што знаеме и да ги израдуваме навивачите“ – изјави Куртиќ.

Натпреварот, Македонија – Словенија се игра утре од 20-45 часот.