Тибо Куртоа, откако дојде во Реал Мадрид се соочува со големи проблеми во и надвор од теренот.  Белгиецот никако не може да ја пронајде формата од Челзи, а на последниот меч на Реал Мадрид против Бриж беше заменет на полувреме, а потоа го пропушти и тренингот на Реал Мадрид.

Се шпекулираше дека тоа е поради незадоволство или некој вид на протест, но белгискиот голман очигледно има психички проблеми.

Според „Диарио Мадридиста“, медицинскиот тим на „кралевите“ открил дека Куртоа има панични напади, па во моментов се работи на случајот и решавање на проблемот.

Белгискиот голман веќе пропуштил уште два тренинга и нема да брани на следниот меч против Гранада на петти октомври, а кога ќе се врати на теренот засега не е познато.