Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се обиде да ги охрабри навивачите и да одговори на критиките по ремито со Реал Сосиедад во воедното коло од Ла Лига.

„Можеме да постигнуваме голови, тоа правиме секојдневно на тренинг како и на пријателските пред сезонава. Сисиедад е добар тим добро се организирани. Ние сме среќни од начинот на кој одиграме. Сега не постигнавме гол но сигурен сум дека наскоро тоа ќе го направиме, имаме одлични играчи и важно е да не примаме многу голови.“ – изјави Куртоа.

Во следното коло Реал Мадрид ќе му гостува на Бетис.