Филипе Кутињо ја замени Барселона за Баерн Минхен, ќе дебитира викендов против Шалке во второто коло во Бундеслигата.

Бразилецот изјави дека Барселона не е таков клуб каков што тој го замислувал. Со Баерн има договор на една година со можност клубот од Германија за 120 милиони евра да го откупи договорот во целост.

„Во Барселона имаше многу работи кои не ги замислував дека можат да бидат такви. Но тоа е сега минато. Се надевам дека долго ќе останам во Баерн  и дека ќе освојам многу титули“- изјави Кутињо.

Кутињо додаде дека дресот со број 10 во Баерн значи сериозна обврска да одигра најдобро што може.