Филипе Кутињо е подготвен да се врати во Ливерпул, а Барселона да го продаде за да дојде до пари кои и се потребни за финансирање на транферот на Нејмар, пишува Calciomercato.

Бразилецот во 2018 година си замина од Енфилд, за да игра во Барселона, но според пишувањата би можел да го напушти Камп Ноу.

Барселона неодамна го донесе Антоан Гризман, а доколку сака да го донесе и Нејмар ќе мора да го продаде Кутињо или Дембеле за да го задоволи финансискиот фер-плеј.