Откако интересот од повеќе тимови од Англија беше потврден, агентот на Филипе Кутињо призна дека неговиот клиент сериозно размислува за враќање во Премиер лигата.

Челси, Арсенал и Њукасл се сериозно заинтересирани за едногодишна позајмица на Кутињо кој е под договор со Барселона.

Каталонците бараат 9 милиони фунти за едногидишна позајмица на играчот кој се прослави во Ливерпул.

Неофицијално, Челси има најголеми шанси, но агентот на Кутињо одби да фаворизира еден клуб.