Филипе Кутињо не сака во сезоната која е пред нас да го носи дресот на Тотенхем како позајмен играч.

Ова го пренесува „Мирор“ откако репрезентативецот на Бразил не сакал повторно да соработува со Покетињо кој му беше тренер во Еспањол.

Барселона дала согласност Кутињо да оди на позајмица во Тотенхем а од тоа да заработи околу 20 милиони евра но играчот не сака да ја прифати оваа опција и сега Арсенал одново се враќа во игра.

Летниот преоден рок во Англија завршува утре на полноќ.