Филипе Кутињо, најверојатно по крајот на сезоната ќе се врати во Шпанија  во тимот на Барселона, а неговиот агент го нуди Бразилецот на Јувентус, според шпанските медиуми.

Кутињо моментално настапува за како позајмен фудбалер за Баерн Минхен, од Барселона, која пак не успеа да го вклопи во тимот по богатиот трансфер од Ливерпул во 2018 година.

Баерн има опција да го купи 27-годишниот фудбалер, за сума од 120 милионие евра, но шпанскииот весник „Мундо Депортиво“ тврди дека „баварците“ не се заинтересирани да ја платаат оваа висока сума за Бразилецот.