Фудбалерот од средниот ред Филипе Кутињо нема намера да се врати во Барселона. Според информацијата на Catalunya Ràdio, Бразилецот сака да остане во Баерн и за тоа веќе го информираше раководството на Барселона.

Баерн е исто така заинтересиран да го задржи овој фудбалер, но не за 120 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Кутињо.

Последните информации велат дека и Барселона е свесна дека за таа сума нема да најде купец за Кутињо, па е многу веројатно со Баерн да договорат трансфер тежок околу 80 милиони евра.