Баерн Минхен може слободно да започне преговори со Барселона за откупување на договорот на Кутињо кој во моментов е на позајмица во Германија.

Креативецот не успеа да се наметна на „Камп Ноу“ по трансферот од Ливепрул па одлучи да ја прифати понудата од Минхен со цел да си ја спаси кариерата.

„Тука се чуствувам добро. Имам план да останам во Баерн до крајот на оваа сезона и фокусиран сум на моите игри во овој тим. Ако се биде добро би сакал да останам тука.“ – изјави Кутињо.

Баерн Минхен може да го откупи договорот на Кутињо за 120 милиони евра до крајот на оваа сезона.