Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ја напушта Барселона. Според одредени информации кои пристигнуваат од Шпанија, се очекува трансферот на играчот да биде официјализиран во следните неколку часа, а негов нов тим ќе биде германскиот шампион Баерн Минхен.

Според информациите постигнат е договор за двегодишна позајмица на фудбалерот. Овој фудбалер за Барселона одигра 75 натпревари и постигна 21 гол.

Кутињо во баварскиот гигант ќе има годишна плата од 11 милиони евра.