Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо останува во клубот ова лето, јавуваат шппанските медиуми.

Кутињо немаше голема минутажа минатата сезона поради што е незадоволен, а медиумите наголемо шпекулираа дека тој ќе го напушти Камп Ноу.

Минатиот месец фудбалерот изјави дека е обврзан со договор, како и дека неговата желба била да успее во клубот, но дека не знае што ќе се случи.

За Кутињо е заинтересиран ПСЖ, но тој мора да ја внимава на финансискиот фер-плеј и да прво да продаде некој играч, доколку го сака Бразилецот во своите редови.