Како што тврди АС од Шпанија, Барселона не се откажува од Лаутаро Мартинез, има нова понуда за Интер.
Барселона го нуди Кутињо во Интер и околу 60 милиони евра за потпис на Лаутаро Мартинез.
Кутињо веќе никој не го сака, цената за откуп е голема иако значително е намалена, Барселона сака да го врати Бразилецот во Интер кој играше за оваа екипа во периодот од 2008 до 2013 година и запиша само 28 настапи и постигна три гола.
Бразилецот во моментов е на позајмица кај Баерн Минхен кој потврди дека намера да го откупи договорот. Барселона му бара нов клуб со оглед на фактот дека каталонците не го сакаат назад.
Comments are closed for this post.