Шпански „Мундо Депортиво“ објавува дека Барселона е подготвена за добра понуда да се раздели од Филипе Кутињо.

Од клубот бараат 120 милиони евра откако досега платија 135 на Ливерпул за неговите услуги.

Бразилецот дојде во Каталонија во јануари 2018 година за 120 милиони евра плус 40 милиони бонуси (од кои 25 милиони ќе бидат платени по одигрување на 100 натпревари).

Барса сметаат дека има неколку клубови кои можат да ја платат бараната сума – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.