Македонската женска фудбалска репрезентацијае е пред уште еден висок пораз против Франција во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва фаворитот во групата Г води на полувреме со 5-0.

Французинките го отворија резултатот уште со првиот напад преку Говин, а само четири минути подоцна на семафорот на стадионот во Орлеан стоеше 2-0 со голот на Ле Сомер.

Истата фудбалерка во 21 минута зголеми на 3-0 за „триколорите“, Де Алмеида во 39 минута биеше прецизно за 4-0, а конечните 5-0 на полувреме беа дело на Диани во судиското продолжение.

На натпреварот во Скопје одигран минатиот месец Франција славеше со 7-0, а на тој меч, како и вечерва, Македонија е без капитенот Наташа Андонова и центарфорот Гентијана Рочи.