По најавите дека управата на Јувентус започнала преговори со Барселона за ангажман на Осман Дембеле, француски Л`Екип тврди дека напаѓачот нема намера да го менува клубот ова лето.

Агентот на Дембеле одбил да  учествува во преговори за евентуалната трампа Пјаниќ-Дембеле затоа што неговиот клинет бил решен да успее на „Камп Ноу“.

Дембеле пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд за 125 милиони евра во летото во 2017 година.

Поради повеќе различни повреди оваа сезона повеќе беше во „аут“ или на клупата за резерви на Барселона и се најавуваше дека ова лето ќе биде продаден.