Француски Л’Екип тврди дека Интер му понудил тригодишен догвор на Единсон Кавани, Уругваецот според истиот извор  ќе ја прифати понудата.

Кавани е слободен агент од ова лето, Интер му понуди договор до 2023 година, прашање на време е кога ќе биде потпишан.

Интер создава тандем Кавани-Лукаку, има план да ги обедини двајцата напаѓачи за следната сезона.

Според Л’Екип, нема друг фаворит освен Интер за потпис на Кавани, кој со задоволство ќе се врати во Серија А, играше за Палермо и Наполи во калчото.

Кавани има 33 години, во ПСЖ настапува од 2013 година, за „светците“ запиша 200 настапи и постигна 138 голови.