Франдуските медиуми ги демантираат објавите во Шпанија и во Англија за начениот договор на ПСЖ со Барселона околку можноста Нејмаер да се врати на „Камп Ноу“ како позајмен играч со обврзувачка клаузула за откуп следното лето.

Л`Екип тврди дека од ПСЖ ја условиле Барселона дека има време до 10 август и ни ден после тоа за да го комплетира трансферот на Нејмар. Оваа одлука ја донеле за да не се случи трансфер сагата да трае до 2 септември.

Барселона не е подготвена да плати 300 милиони евра за Нејмар а понудите во кои беа вклучени Ракитиќ, Семедо и Кутињо биле експресно одбиени од ПСЖ.

Во меѓувреме ПСЖ се обидува да го продолжи договорот со Мбапе и со тоа да постави црвсти темели за градењето на тимот во овој но и во следните неколку предони рока.