Лионел Меси со спектакуларен трансфер ја напушти својата Барселона и летово се пресели во ПСЖ, тоа беше „земјотрес“ на фудбалската берза, Л’Екип со детали од овој трансфер кој се смета за еден од најголемите во поновата фудбалска историја.

Според Л’Екип, Меси за три години треба да добие вкупно 110 милиони евра, платата е 30 милиони, плус 10 за лојалност, а дел од средствата ќе добие и во криптовалути, симболичен „милион“ ако се земе в предвид вкупната бројка.