Андреа Пирло имаше многу тешка прва сезона како тренер на првиот тим на Јувентус. Рано испадна од Лигата на шампионите, низ првенството можеби и ќе остане без пласман во европската елита, а единствена светла точка е пласманот во финалето на Купот, каде ќе играат против Аталанта на 19-ти мај против Аталанта.

Ла Газета Дело Спорт носи вест дека Пирло на крајот на оваа сезона ќе добие отказ, иако договорот му трае до крајот на јуни 2022 година. Истиот весник наведува дека Пирло нема да врати на клупата на тимот до 23 години од каде дојде до клупата на првиот тим. Нивниот извор наведува дека Пирло ќе проба во странство, од каде веќе имал неколку понуди.

На две кола пред крајот на првенството Јувентус е петти на табелата, Наполи на четврата позиција им бега еден бод.