Ла Лига го објави распоредот на натпревари за рестартот на сезоната, Енис Барди и Александар Трајковски се враќаат на теренот на 12 и 13 јуни.

Барди со Леванте на 12 јуни се среќава со Валенсија во градското дерби. Александар Трајковски и Мајорка на 13 јуни ја пречекуваат Барселона.

Леванте  потоа ја пречекува Севилја (15 јуни), Мајорка ден подоцна гостува кај Вилјареал.