Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас истакнал дека трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона е „под лупа“ и дека би можел да биде прогласен за неважечки.

Барселона го ангажираше фудбалерот на 12 јули по цена од 120 милиони евра, колку што изнесуваше клаузулата во неговиот договор.

Проблемот настана бидејќи откупната клаузула на фудбалерот до 1 јули изнесуваше 200 милиони евра, па „јорганџиите“ тврдат дека Барса и Гризман се договориле пред овој датум, со што Атлетико е оштетен за 80 милиони евра, износ кој го бараат.

„Постои можност овој трансфер да се блокира, а Ла Лига наскоро ќе донесе одлука дали така ќе биде навистина. Атлетико веќе поднесе жалба, така што Гризман и понатаму нема лиценца да настапува за Барселона идната сезона. Секако овие проблеми ги решаваме тековно и се надевам дека наскоро ќе имаме јасна ситуација.“ – изјавил Тебас.

За потсетување, Атлетико ја пријави Барселона и во ФИФА.