Ла Лига ја објави листата со сумите што поединечните клубови ќе смеат да потрошат за плати во тековната сезона.

Висината на дозволената сума зависи од повеќе фактори, а еден од нив е доходот на клубот – колку е поголем доходот, толку поголема сума клубот ќе смее да потроши за плати. Исто така, максималниот износ зависи и од тоа колку спортски колективи има клубот: машка екипа, женска, футсал, кошарка, ракомет и тн.

Во максималната сума влегуваат и платите на раководството и на сиот персонал.

Најмногу пари за плати ќе може да потроши Барселона – 656,43 милиони евра. Следува Реал, со 641,05 милиони, а трет е Атлетико, со 348,5 милиони. Во топ 5 се уште и Севиља (185,16 млн) и Валенсија (177,11 млн). Најмалку за плати има Мајорка, која смее да потроши само 33,53 милиони евра.