Многу веројатно шпанска Ла Лига ќе продолжи од 12.јуни, а прв меч на програмата ќе биде градското дерби меѓу Севиља и Бетис.Пандемијата од Коронавирусот е минато, а сега се прават сите напори шпанскиот фудбал да се врати.

„Нема подобар начи Ла Лига да продолжи, освен со ова дерби. Тоа ќе биде вистинска работа уште првиот меч да биде феноменален“- изјави спортскиот директор на Севиља, Мончи.

Конечната одлука околу фудбалот во Шпанија, сепак ќе биде позната на 28.мај кога состанок ќе одржат сите клубови од елитниот ранг.